Aлијанса за Албанците: Синоќа се докажа дека во Северна Македонија мафијата има држава

пред 3 години

Секоја држава има своја мафија, а синоќа се докажа дека во Северна Македонија мафијата има држава, изјави пратеникот од Алијанса за Албанците, Халил Снопче.

„Една Влада со 59 пратеници, се чатали и дрско се однесува кон граѓаните и бара спас преку уцени, закани, купување или киднапирање пратеници. Еден хибриден режим кој се повикува на европски вредности, а целиот нејзин мандат и крајот се карактеризира со постапки и скандали спротивни на тие вредности“, вели Снопче.

Според пратеникот од Алијанса за Албанците, синоќа не потфрлило новото мнозинство, а уште помалку опозицијата.

„Синоќа се вклучи алармот за сите граѓани и за меѓународната заедница. Синоќа се потврдија сите оценки на меѓународните организации за Северна Македонија, а се потврдија и сите наши предупредувања. Кога на избран претставник на народот му се оневозможува да си оди на работа, тогаш што може да биде со обичниот граѓанин“, додава Снопче.

Не потфрли синоќа Алијансата за Албанците, нагласи пратеникот од оваа партија, таа, оценува тој, само се зацврстила на страната на правдата, на страната на народот кој бара промени, а на виделина, како што рече, излегле вистинските лица на оние кои се борат против промените и го бранат режимот по секоја цена.

Битката продолжува, уште посилно, уште почисто, уште порешително, и тоа веднаш, потенцира пратеникот од Алијанса за Албанците.

Share
Scroll to Top