Претпладне магла по котлините, попладне сончево со мала облачност

пред 2 години

Во текот на ноќта преовладуваше умерено облачно време. Утрово по одделни котлини има појава на магла и ниска облачност.

Најниска температура е измерена во Берово од -2 степена, -1 Попова Шапка, 0 Маврови Анови, Крива Паланка, Битола, Крушево, 1 степен бил измерен во Лазарополе, 2 во Струмица и Куманово, 3 во Претор, Штип, Демир Капија, Виница и Гегелија, 4 во Прилеп и Дојран, 5 во Скопје-Петровец, Тетово, 6 во Охрид, 7 во Скопје–Зајчев Рид.

Денеска претпладне, според УХМР, по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Share
Scroll to Top