Деца избодени и фрлени низ балкон во Шведска, уапсени се маж и жена

пред 3 години

Во неделата вечерта во Шведска се случило страшно злосторство во кое едно дете е повредено, а друго е убиено.

Станува збор за деца помлади од 10 години, кои во неделата вечерта биле пронајдени пред зграда во западниот дел на Стокхолм. Едното дете починало, а другото е тешко повредено и е во животна опасност, пишува „Скај њуз“.

Полицијата соопшти дека децата биле избодени со нож во станот, а потоа фрлени од балконот. Жена и маж се уапсени под сомнение за убиство и обид за убиство, а двајцата се поврзани со децата. Повреден е и еден од возрасните.

Полицијата добила повик од Хаселби во Стокхолм околу 21:45 часот по локално време. Случаен минувач ги нашол децата на земја пред зградата.

Полицијата започна истрага.

Share
Scroll to Top