Контроверзниот пејач Брајан Варнер, познат како Мерилин Менсон, се соочува со нови обвинувања за злоставување. 15 жени го обвинија за сексуален и физички напад.
Една од жртвите е и неговата поранешна девојка Ешли Морган. Таа рече дека го тужи за сексуално злоставување, но и тежок облик за одземање на слободата на движење.
Девојките велат дека Менсон ги злоставувал во станот кој го купил, а во кој имало вградена стаклена и звучно изолирана соба, која првично му била наменета за електрична музика.
„Прво ни велеше дека собата му била многу кул, а потоа ни ја опиша како исклучително наменета за лица кои сака да ги казнува. Во неа се боревме, а кога ќе викневме никој не можеше да ме слушне“, рече Морган.
Некои извори блиски до пејачот велат дека и самиот Менсон ја нарекол оваа соба за злоставување на девојки. Тој наводно имал многу темен стан, полн со црн мебел, порнографски фотографии на ѕидовите, како и свастика. Исто така ја држел температурата на многу ниско ниво.
Неговиот асистент тврди дека ваквата соба постои, но, дека тој никогаш не заклучил никого внатре. Пејачот ги отфрли сите обвинувања и тврди дека неговите сексуални односи биле со согласност на девојките.