Брижит Макрон згрозена од критиките: Свесна сум дека мојот брак не е типичен, поради разликата од 24 години

пред 3 години

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Брижит, рече дека е згрозена од негативните коментари и непријателството на кои наишла, поради до што е 24 години постара од нејзиниот сопруг.

68-годишната прва дама на Франција, во интервју откри дека одамна станала свесна дека нејзиниот брак не е типичен, но и не можела да сонува за толкава доза на агресија насочена кон нив поради тоа.

Вели дека е повредена од споредбите со Марија Антонета и забелешките дека живее луксузен живот и дека не е во контакт со „обичните смртници“.

Интервјуто за „Ле Монд“ се појави во моментот кога 43-годишниот претседател Макрон се подготвува за новата претседателска кампања следната година, со надеж дека неговиот народ повторно ќе го избере.

Неговата сопруга, која пораснала во буржоаско семејство и посетувала приватно католичко училиште во Амиен, на северот на Франција, многумина ја сметаат за предност во обидот да ги придобие десничарските гласачи.

„ Луѓето ме класифицираат како десничар само поради моето потекло и образование. Но, никој не знае која е вистинската вистина”, вели Брижит и открива дека школувањето ја водело, ја научило да прифаќа ограничувања, но и дало слобода.

Макрон ја запознал својата идна сопруга кога таа станала учителка во друго приватно училиште во Амиен, каде што тој бил нејзин ученик. Поради него таа на крајот го оставила својот прв сопруг, со кој имала три деца, за да се омажи за Макрон во 2007 година.

Во интервјуто таа открива дека не ни сонувала дека тој ќе стане политичар. Била убедена дека тој ќе биде писател или пијанист.

„ Бев убедена дека Емануел ќе работи во културата и се подготвив за таков живот“.

Наместо тоа, тој прво стана министер за финансии во владата на Франсоа Оланд, а потоа во 2017 година стана претседател на Франција.

Share
Scroll to Top