(Видео) Поплави во Канада предизвикаа одрони, се трага по исчезнти, а има и жртви

пред 3 години

Најмалку еден човек загина, а илјадници се евакуирани во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од обилните дождови во Британска Колумбија, во западна Канада.

Тело на жена е пронајдено во близина на одрон на автопат на околу 250 километри северно од Ванкувер, а потрагата по исчезнатите продолжува и денеска, соопшти канадската полиција.

Околу 7.000 луѓе вчера беа евакуирани од Мерита, град на 300 километри североисточно од Ванкувер. Врнежите престанаа, но многу патишта се уште се поплавени.

Share
Scroll to Top