Необична ситуација се случила во Украина а на видеото објавено на социјалните мрежи е прикажан наводен пожар во парламентот.
Имено, во салата наменета за седниците на Парламентот на Украина, на денешната собраниска седница дошло до неисправност во опремата за гласање, по што се создал густ чад кој ги загрижил сите присутни.
In #Kyiv, #Ukraine, in the session hall of the Ukrainian parliament, there was smoke emanating from the voting equipment during the parliamentary session today:pic.twitter.com/cQa8CiIL1L
— Alex Kokcharov (@AlexKokcharov) November 18, 2021
На видеото се гледаат вознемирени политичари кои во тој момент биле во парламентот, како се оддалечуваат од опремата од која излегува чад.
Засега не е познато од што се запалила опремата за гласање.