Детето ми замина во сон: Срѓан Жика Тодоровиќ прозборе за тагата по починатиот син

Детето ми замина во сон: Срѓан Жика Тодоровиќ прозборе за тагата по починатиот син

пред 3 години

Познатиот актер Срѓан Жика Тодоровиќ раскажа за тешката животна приказна и прифаќање на две големи загуби во неговото семејството.

Неговиот син почина само три години по смртта на татко му, и сето тоа остави последици врз него, од кои сè уште тешко закрепнува.. Загубата на дете е необјаснива болка, а Жика и неговата сопруга бараат начин да продолжат понатаму.

„Откако ни се случи тоа со Деки, го изгубив апетитот поради депресија. И јас и мојата Ана. Слабеев затоа што не можев да јадам. И двајцата размислувавме за друго дете, но… Никогаш не сум се чувствувал полошо во животот. Го чувствувам како дупка во душата која е незаменлива. Сите ми велат:’Треба да продолжите, мора да имате уште едно дете’. И тогаш размислуваме, но започна пандемијата со ковид. Човек не знае што да прави кога нешто вакво ќе му се случи.

Не познавам некој на кого му се случило такво нешто. Баш во моментот кога тој започна да зборува на многу теми со мене, кога воспоставуваме врска татко-син, започнавме да зборуваме за сè, па со неговите прашања „зошто тато ова и зошто тоа“ – тогаш се случи тоа. Повторно мислам, има полошо – да беше постар, можеби сè ќе беше потешко. Или барем тоа – заспа и никогаш не се разбуди, барем не страдаше, не се мачеше“, раскажал Срѓан Тодоровиќ за смртта на својот син .

Тригодишниот Дејан, син на актерот Тодоровиќ (52) и неговата сопруга Ана, ненадејно почина една ноќ во Белград од синдром на ненадејна смрт кај децата на три години.
Парот синот го доби по 12 години обидување Ана да остане бремена.

Тој за новинарите на Нова.рс изјави дека неговиот татко, славниот Бора Тодоровиќ, многу му значел во животот и кариерата, дека му бил најдобриот пријател и дека без него тој никогаш немаше да стане актер.

„Секогаш ми фали. За секоја тешка улога, најпрво го читав текстот, потоа му го давав нему, а потоа тој ми даваше совети. Тоа беа првите 20 години, а кога пораснав доволно за да бидам актер, тој го читаше секое сценарио што сум го играл претходно. Да не беше тој, никогаш немаше да станам актер. Додека бев во војска во Мостар, тој постојано доаѓаше да ме посетува.

Кога завршив по шест месеци, тој дојде кај мене и ми донесе текст што го играше Драган Николиќ во подрумот „Ателје“ и ми рече да научам најдобро што можам, да не се срамам од мастурбација и сперма. Тие беа фасцинирани од тоа како одиграв, иако стануваше збор за мастурбација“, вели Жика.

Share
Scroll to Top