Најновиот филм на платформата Нетфликс, „Црвено известување“ (англ. Red notice) со Двејн Џонсон, Рајан Рејнолдс и Гал Гадот го сруши рекордот на гледаност на првиот ден од објавувањето. Тој дебитира на платформата на 12 ноември.
Рејнолдс прв сподели на „Твитер“ дека филмот го срушил рекордот за најгледан филм на првиот ден од прикажувањето на „Нетфликс“.
WOW #RedNotice is @Netflix biggest ever opening day for a film. Congrats to this whole team! Can’t wait for Red Notice (Taylor’s Version) pic.twitter.com/tyGFqhKWao
— Ryan Reynolds (@VancityReynolds) November 14, 2021
По што следеа честитките од Двејн Џонсон и Гал Гадот.
Во филмот се следи приказната за ФБИ агент (Џонсон), кој соработува со крадец (Рејнолдс) со цел да пронајдат озлогласен криминалец (Гадот).
Со буџет од 200 милиони долари, се смета дека овој филм е најскап проект на „Нетфликс“ досега.
Една недела пред објавувањето на „Нетфликс“, филмот беше прикажан во одбрани кина.