Меган Маркл на интервју кај Елен Деџенерес: Многу сме среќни

пред 3 години

Меган, војвотката од Сасекс, откри дека таа и принцот Хари се среќни што живеат во Калифорнија, во текот на гостувањето кај Елен Деџенерис.

Меган (40) седна со водителката на телевизиското ток-шоу осум месеци откако таа и принцот Хари ѝ беа гости на Опра Винфри, интервју што предизвика шок во кралското семејство.

Таа сподели дека на принцот Хари му се допаѓа стилот на живеење во Калифорнија, а и климата.

Двојката, која се пресели во САД откако објави дека се повлекува од должностите во кралското семејство, досега беа многу приватни за нивните деца, Арчи и Лилибет.

Тие допрва ќе споделат фотографија од нивната ќерка, која наполни пет месеци, а чие име е всушност прекарот на кралицата.

„Арчи сака да ѝ биде голем брат на Лили,“ рече таа во разговорот со Елен, додавајќи дека тој многу сака да игра.

„Некој ми кажа дека кога имаш едно дете тоа е хоби, а две деца е родителство.“

На крајот таа говореше за својата страст за готвење, и откри дека ќе подготви гозба по повод Денот на благодарноста.

„Сакам да готвам и сакам ад правам колачи. Ќе бидеме дома, ќе се опуштиме. Тоа е нашиот втор Ден на благодарноста во Калифорнија, така што ќе биде убаво.“