Заев му ја честита победата на Радев

пред 3 години

По победата и освоениот втор претседателски мандат на Румен Радев на изборите во Бугарија, премиерот Зоран Заев соопшти дека му ја честитал победата.

„Во телефонскиот разговор што го имав со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, му ја честитав победата на претседателските избори и посакав добробит за нашиот сосед и за целиот бугарски народ“, објави Заев на социјалните мрежи.

Во објавата тој додава дека со Радев се согласиле оти Бугарија и Северна Македонија ќе продолжат низ дијалог и меѓусебно разбирање да бараат решенија во име на заедничката европска иднина.

Share
Scroll to Top