Казни за 661 возачи за брзо возење

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 661 возач.

Од нив 105 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 315 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 346 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од полиција.

Share
Scroll to Top