Поранешниот американски претседател Доналд Трамп доби почесен црн појас, деветти дан во теквондо, иако никогаш во животот не се бавел со овој спорт.
На Трамп му беше доделен сертификат за црн појас, што е највисоко признание во овој спорт, од претседателот на јужнокорејската теквондо федерација, Ли Донг-суп, во куќата на Трамп во Мар а ларг, Флорида.
„ Чест ми е што го добив сертификатот за почесниот деветти дан и мислам дека теквондото е прекрасна боречка вештина за самоодбрана“, рече Трамп по добивањето на ова признание.
Trump receives honorary ninth-degree black belt in taekwondo https://t.co/eWeoH2zMze pic.twitter.com/ekqzceMMPF
— New York Post (@nypost) November 22, 2021
Сепак, претседателот на јужнокорејската теквондо федерација не ја објасни причината за доделувањето на црниот појас на Трамп, но рече дека доделувањето на ова признание не е поврзано со никакви политички прашања.
Од друга страна, доделувањето на овој сертификат на Трамп сега значи дека тој има ист ранг како и рускиот претседател Владимир Путин, кој исто така го доби деветиот почесен дан во 2013 година. Претседателот Путин, исто така, никогаш не тренирал теквондо.
Меѓутоа, во коментарите на социјалните мрежи голем број мајстори на оваа боречка вештина го осудија овој потег со оглед на тоа дека за да се дојде до таков ранг треба да се вежба со години, па и со децении.