Газменд Укали со вереницата отишол да слави роденден во Истанбул: еден од загинатите е дел од кабинетот на кичевскиот градоначалник

пред 4 години

Газменд Укали (27) од Кичево и неговата вереница Албина Белули (23) од Тетово се меѓу загинатите во несреќата што се случи кога автобусот на „Беса Трамс“, се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Животот го загубија 46 лица, меѓу нив 17 деца.

Газменд беше дел од кабинетот на градоначаликот на Кичево, Фатмир Дехари, а во петокот го славел својот 27-ми роденден со својата вереница во Истанбул, пренесе Телма . 

Информацијата за смртта на Газменд во телефонски разговор  ја потврдил и градоначалникот Дехари. Укали беше член на Советот на млади на Општина Кичево во 2015 година

Share
Scroll to Top