Колачи со банани и чоколадо готови за 10 минути

Колачи со банани и чоколадо готови за 10 минути

пред 3 години

Потребни состојки:

400 грама бисквити
2 до 3 банани
200 грама чоколадо

Начин на подготовка:

Бисквитите сомелете ги во блендер или рачно иситнете ги. Излупете ги бананите, па испасирајте ги во чинија, со вилушка. Додадете ги во садот со сомелените бисквити, па добро измешајте додека не добиете смеса налик на тесто. Од тестото формирајте топчиња и наредете ги во плех. Растопете чоколадо на пареа, па потоа едно по едно топче потопувајте во чоколадото. Она што ќе ви остане од растопеното чоколадо може да го искористите за декорација. Топчињата оставете ги во фрижидер да се стврднат и послужете ги.

Share
Scroll to Top