(Видео) Руска политичарка се соблече во бикини и се фрли да си игра во снегот во Сибир на - 20 степени

(Видео) Руска политичарка се соблече во бикини и се фрли да си игра во снегот во Сибир на – 20 степени

пред 3 години

Руската политичарка Ана Терешкова (52) сакајќи да ги поттикне своите сограѓани да го зацврстат својот имунитет, се соблече полугола и во бикини се фрли да си игра во снегот во Сибир.

Таа се сними како прави снежни анѓели во снегот во градот Новосибирск во Русија каде температурите стигнуваат и до – 20 степени под нулата.

„Ова е Сибир. Минус 20, каква убвина“, рече Ана и објасни дека мора да се искористат предностите на Сибир.

„Тука отсекогаш живееле силни и здрави луѓе. Тие го челичат своето здравје така што се соблекуваат и се лизгаат и на – 20 степени, па и пониско“, рече таа.

Сепак нејзината постапка наиде на осуда кај повеќето Руси и сограѓани, кои ја обвинија дека ги посрамотила.

„Многу чуден агол на снимање. Ваквите видеа воопшто не одговараат на вашиот статус на полтитичарка. Срам да ви е, ова е срамота за нашиот град“, и порачаа тие.

Share
Scroll to Top