Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема (33), е осуден на една година условна затворска казна кога судот во Версај го прогласи за виновен за уценување на поранешниот фудбалер Матје Валбуена, пишува „Лекип“.
Покрај условната затворска казна, тој треба да плати и 75.000 евра поради соучество во обид за уцена на својот колега од репрезентацијата, Матју Валбуена.
Максималната казна што можеше да ја добие фудбалерот е пет години затвор.
Покрај него, прогласени за виновни се и четворицата други обвинети.
За потсетување, Французинот беше обвинет во 2015 година дека дејствувал како посредник поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објават интимно видео за него. Тогаш поради настаната ситуација, и двајцата играчи добија забрана за настап во француската репрезентација сè до минатото лето кога Бензима се најде на списокот за Европското првенство и годинава играше за својот национален тим.
Се очекува тој да игра и на мундијалот во 2022 година откога пред три недели првиот човек на ФФФ порача дека одлуката на судот нема да има никакво влијание.