(Видео)Турската полиција со солзавец растера жени додека протестираа против насилство

пред 3 години

Турската полиција употреби солзавец во Истанбул врз неколку стотици жени собрани на протест против насилството и повлекувањето на Турција од меѓународниот договор кој ги штити жените.

Насобраните носеа транспарент со натпис „Ќе се бориме додека не го добиеме тоа што го сакаме“ и ги повикаа властите на претседателот Реџеп Таип Ердоган да ја вратат земјата на меѓународниот договор познат како Истанбулска конвенција.

Конвенцијата беше усвоена од Советот на Европа во 2011 година и е механизам кој воспоставува правно обврзувачки процедури со цел да се спречи насилство од сексистичка природа. Договорот беше потпишан во Истанбул.

Турција официјално го напушти меѓународниот договор во јули, а властите тогаш изјавија дека договорот може да ја поттикне хомосексуалноста и да го загрози традиционалното семејство.

Демонстрантите се обидоа да поминат низ полициските барикади, но тие возвратија со солзавец за да ја растераат толпата.

Собирот се одржа по повод Меѓународниот ден за борбата против насилството врз жените.