Тереза Кесовија, хрватската дива откри дека им пеела на Емануел Макрон и Французите на свечениот ручек во загрепска Еспланада.
На барање на новинарите, Тереза ја испеала француската шансона La Chanson de Lara, која Макрон можел да ја слушне на ручекот на кој присуствувале околу стотина познати Хрвати.
За посетата таа изјави: „Прво на француски му посакав добредојде, а потоа му кажав дека му посакувам уште еден мандат, затоа што мислам дека тоа ќе донесе добро за нашите земји“. Кесовија беше и остана легенда која има добиено француското одликување и почесна награда во редот на уметноста.
Što je Tereza pjevala Macronu za ručkom? ? #n1info pic.twitter.com/H3LXnYWkiF
— Katarina Brecic (@kbrecic) November 25, 2021
Кесовија живеела во Франција во 60-тите и 70-тите години на минатиот век и таму изградила завидна кариера. Француската кариера на Тереза Кесовија започнала во 1965 година, кога ја отпеала La Chanson de Lara од филмот Доктор Живаго. Додека живеела и работела во Франција, Тереза соработувала со познати ѕвезди како Серж Лама, Тино Роси, Жилбер Беко и Рита Павоне.
Пејачката четири пати ја наполнила париската Олимпија. Таа се сретнала со неколку француски претседатели додека живеела во Франција, а ова е нејзина прва средба со Макрон.