„Њујорк тајмс“ со репортажа за Загреб, кој е три пати избран за најубав божикен град во Европа

„Њујорк тајмс“ со репортажа за Загреб, кој е три пати избран за најубав божикен град во Европа

пред 3 години

Американскиот магазин „Њујорк тајмс“ во своето онлајн издание направи празнична репортажа за Загреб, кој три пати беше избран за најубав божикен град во Европа. Традиционалниот Адвент во Загреб беше отворен на 27 ноември, и ќе трае повеќе од еден месец со сите епидемиолошки протоколи, објавија ндлежните во градот.

Во репортажата за Загреб, „Њујорк тајмс“ презентира вратоврски, рачно изработени чанти, капи и чадори како автентични загрепски модни додатоци.

Репортажата го опишува Загреб како град со стил, кој преку влијанија од блиската Италија и австроунгарското минато, создава препознатлив шмек заедно со традиционалните симболи и современиот дизајн.

„Њујорк тајмс“ го опишува и централниот дел на Загреб кој со својата празнична атмосфера со години привлекува голем број гости и туристи, но и загрепчани да уживаат на градските улици до доцна во ноќта.

Загреб со години е една од најубавите божикни дестинации во Европа. Тој и оваа година ќе се натпреварува со другите европски градови.

„Општинските работници неуморно поставуваа адвентски украси, бели куќички, елки, санки и други реквизити што ќе да ја пополнат божикната бајка во хрватската метропола“, стои во репортажата.

Share
Scroll to Top