(Видео) Бритни Спирс имаше нервен слом среде ресторан во Лос Анџелес

(Видео) Бритни Спирс имаше нервен слом среде ресторан во Лос Анџелес

пред 1 година

Пејачката Бритни Спирс, наводно, доживеала нервен слом во ресторан во Лос Анџелес, поради што дури и нејзиниот сопруг Сем Асгари го напуштил ресторанот, пренесуваат светските медиуми.

Спирс беше забележана во ресторан во Лос Анџелес во петокот, каде вечераше со сопругот Сем Асгари. Ресторанот бил полн со посетители, кои веднаш ја препознале пејачката и почнале да ја снимаат. Штом Спирс забележала дека сите ја снимаат со своите телефони, таа добила напад.

Почнала да вика и да зборува глупости, како што тврдат другите гости во ресторанот. Нејзиниот сопруг поради тоа се изнервирал и излегол од ресторанот. Набргу потоа телохранителот на пејачката ја извадил Бритни од ресторанот и се вратил да ја плати сметката.

 

Share
Scroll to Top