Бев дел од оние кои му ги украдоа тинејџерските години, приватен истражувач му се извини на принцот Хари

Бев дел од оние кои му ги украдоа тинејџерските години, приватен истражувач му се извини на принцот Хари

пред 3 години

Привантиот истражувач Гевин Бароуз, задолжен за кралското семејство, му се извини на принцот Хари за неговото претходно однесување и нарушувањето на приватноста, во документарец на Би-би-си, наречен „Принцовите и печатот“. Со цел да откријат што е можно повеќе за Хари, ја следеле и неговата тогашна девојка Челси Дејви, со која беа шест години во врска.

„Бев дел од група луѓе кои му ги украдоа неговите обични тинејџерски години. Ја хакиравме и нејзината говорна пошта, имаше многу надзор над нејзините телефони и канали за комуникација. Челси се фалеше пред пријателите кога ќе отидеше да го види Хари“, раскажува Гевин, потенцирајќи дека медиумите во раните 2000-ти биле немилосрдни.

Тој исто така призна дека ги истражувал и медицинските досиеја на Челси, како би дознал дали има некаква сексуално пренослива болест или спонтани абортуси во минатото. Вели дека му е многу жап што така се однесувал, бидејќи бил алчен, земал кокаин и живеел во лажна состојба на величина.

Покрај него, во документарецот гостува и новинарката Роја Ника, која потврди дека вниманието кон девојките на принцот Хари било преголемо.

„Кога излегувате или размислувате да се омажите за член на кралското семејство, контролата што Ви се налага, е огромна“, рече таа.

Ника додаде дека Хари морал да бара начини како да го држи својот љубовен живот што подалеку од приватните истражувачи.

 

 

Share
Scroll to Top