Новиот албум на Адел е најпродаван годинава

пред 3 години

Новиот албум на британската пејачка Адел, „30“ стана најпродаван во годинава. Во првите недела дена од неговото излегување, тој се продаде во 261.000 примероци, пренесе„Би-би-си.

Адел ја престигна шведската поп-група АББА, чиј нов албум Voyage досега го држеше рекордот со 204.000 продадени примероци.

Сепак, новиот успех на Адел не е ни приближно близок на оној кој го постигна во 2015 година со албумот „25“. Нејзиниот претходен албум во првите недела дена беше продаден во дури 800.000 примероци.

Ваквиот пад делумно бше предизвикан со огромниот пораст на популарноста на стриминг- сервисот во последните шест години. Со тоа, албумот „25“ во првите шест месеци не беше достапен на стриминг-сервисите, нешто што ги поттикна обожавателите да мораат да го купат.

Адел го престигна и новиот албум на Ед Ширан (30), „Еднакво“, а главната песна во него, Easy On Me, остана број еден веќе 6 недела по ред.

Share
Scroll to Top