Времето кога е создаден првиот накит, не може со сигурност да се утврди. Познато е дека, уште во времето на неолитот, луѓето изработувале парчиња накит. На почетокот, го правеле од камени монисти, школки, коски од животни, пердуви. Со тек на времето накитот станувал се поважен, и за негова изработка се користат пофини материјали. Единственото нешто што не се менувало низ долгиот период, е неговата функција. Отсекогаш, накитот бил слика за носителот.
Накитот бил многу ценет кај Грците и Римјаните
Како што рековме, накитот е лична карта на оној кој го носи. Тој зборува во името на оној кој го носи и ја претставува неговата индивидуалност и способност да се изразува. Сето тоа, го знаеле Грците и Римјаните. Самите Грци биле многу вешти во изработка на накит во боја. Иако, техниката била едноставна, тие за изработката користеле скапоцени и полускапоцени камења, па така накитот бил изработен од бисери, амтисти и смарагди. Старите Грци, исто така, носеле и огрлици од школки. Во Римската империја, најценет бил накитот изработен од бронза и злато. Мажите носеле огромни златни прстени, додека кај жените, многу ценет бил накитот од бисери и стаклени монисти, посебно ѓерданите. А и обетките биле многу популарни.
Детаљ кој се среќава низ вековите
Колку е накитот популарен, зборува и фактот што никогаш не излегува од мода. Вистина е дека врвот на изработка и дизајн го достигнува во барокот. Тогаш биле користени бројни материјали за да се изработи. Освен злато, користено се и бисери и скапоцени камења. Но, тоа било и време кога накитот бил знак за препознавање, на која класа припаѓаат луѓето. Ако некој носи дијаманти, било јасно дека припаѓа на кралското семејство.
Современото време го цени и стариот накит
И денес накитот се користи, како што е било и пред многу години. Било да станува збор за моден или уметнички детаљ, едно е сигурно, накитот зборува во името на оној кој го носи. Дискретните и минијатурни парчиња накит одговорат на интровертните особи, додека големиот накит го носат слободоумните личности. Во последно време во мода се и ретро парчиња кои многу добро се вклопуваат во класичниот стил. За накитот многу е важно да се знае да се искомбинира со останатите предмети од облеката. Понекогаш лошиот избор може да го наруши целиот концепт и да не изгледа добро. Затоа е потребно да се следат, почитуваат одредена правила, кога станува збор за комбинирање. Особено кога станува збор за ѓердан. На фустанот со деколте и без ракави, му одговара кратки ѓердан околу вратот. Никако ѓердан кој е гломазен, или долг, во спротивно дава контра ефект. Длабокото деколте многу добро се сложува со кратки огрлици со предмети кои висат, а деколте со ракави, се сложува со дебела, а кратка огрлица. Дали тоа ќе биде, модерна или античка, зависи од вас.