Гаши пред средбата со Заев рече дека нема да разговараат за кадровски решенија

пред 3 години

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, прв дојде на денешната лидерска средба со Зоран Заев.

Без никакви детали околу тоа што ќе се разговара денеска, тој само искоментира: „Преговорите ќе продолжат. Не зборуваме за кадровски решенија“.

На прашањето за што ќе се разговара денеска, Гаши не одговори и влезе во салата каде ќе се одржи средбата.

За разлика од Гаши, лидерот на СДСМ, Зоран Заев како и минатиот пат, помина покрај новинарите и рече:

„Нема да дадеме изјава. Ќе има соопштение“.

И на ова средба, како и на претходната, Заев беше придвижуван од заменик-министерот за финансии и кандидат за нов претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ и Алтернатива се договорија за програмскиот концепт, а сега, останува да се договорат за кадровските решенија, информираа и од Владата пред два дена.

Новата средба на Гаши и Заев доаѓа по партиските консултации кои ги направија.

Share
Scroll to Top