Пронајдена марихуана во тетовско, приведени две лица

пред 3 години

Полицијата во Тетово пронашла марихуана при претсрес на возило „Фолсваген голф“ со тетовски регистарски таблички.

Од МВР информираат,  дека полициското одделение Камењане ги лишило од слобода Ј.З.(23) од Тетово и М.М.(30) од с.Џепчиште, тетовско, затоа што при преглед кај нив и во возилото во кое се превезувале, била пронајдена марихуана.

Лицата  биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од ресорното министерство

Share
Scroll to Top