По 15 години како играч и тренер, Мајкл Карик си замина од Манчестер Јунајтед. Тој им беше тренер во последните 3 кола на играчите на „Олд Трафорд“, по отказот на Оле Гунар Солскјер.
Карик си замина по синоќешниот триумф во дербита со Арсенал, во кое Манчестер Јунајтед победи со 3:2. Нов тренер на Манчестер Јунајтед сега е Германецот Ралф Рагник, кој синоќа го следеше мечот со Арсенал од трибините на Олд Трафорд.
Карик се очекуваше да остане како дел од стручниот штаб, но, во последен момент одлучи да си замине.
„Времето кое го поминав во клубот се моите најдобри години во кариерата. Одлучив да заминам во вистински момент. Посакувам се најдобро за Рагник и екипата. Кога дојдов тука пред 15 години никогаш не мислев дека ќе останам толку долго“, рече Карик.
Како играч Керик го носеше дресот на Јунајтед од 2006 до 2018 година, а потоа ја продолжи кариерата како тренер.