Уапсени двајца лихвари од Штип, барале огромни камати од корисници на социјална помош

пред 5 години

Отсекот за економски криминал при СВР Штип, вчера (2 декември) ги лишил од слобода Е.Ј. (39) и С.Ј. (45), двајцата од Штип, поради сомнение за сторено кривично дело лихварство.

Тие се сомничат дека давале пари на заем со писмени и усни договори и притоа за себе договарале несразмерно високи камати.

Кај нив биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривичното дело: пари, банкарски картички, лични документи на оштетени граѓани и две тетратки во кои биле евидентирани заеми дадени по енормно високи камати на лица од социјално загрозени семејства, корисници на социјална помош и останати социјални додатоци.

Се работи на целосно документирање на случајот, по што против Е.Ј. и С.Ј. ќе бидaт поднесени соодветни пријави.

Share
Scroll to Top