ВМРО-ДПМНЕ: Пиунот Ковачевски да се извини за сите предавства и криминали на Заев

пред 2 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараат, како што велат, пиунот Ковачевски да се извини за сите предавства и криминали на Заев.

„Димитар Ковачевски треба да се извини за грабежот кој Заев и го приреди на државата во форма на 5 годишни буџети. За 60.000 останати без работа, за 5.600 фирми што ставија клуч на врата, за инфлацијата и десеткратно поскапата струја. Ковачевски да се извини на сите фирми и граѓани на кои Заевци им барале рекет, а за што гледаме дека излегуваат и сведоштва како во писмото на Бојан Јовановски до Заев, за што самиот тврди дека има докази во неговиот телефон. Ковачевски да се извини за сите лаги кои Заев ги изрече, за безбројните датуми, кои само што не ги добивме, а сепак на крај не ги добивме“, е наведено во писмената реакција од оваа партија.

Ковачевски, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, треба да се извини на целата нација затоа што Заев и Филипче 5 месеци не обезбедиле вакцини затоа што бркале провизии, а народот морал да оди во соседните земји за да се вакцинира.

Според оваа партија, Ковачевски треба да им се извини и на фамилиите кои изгубиле членови на семејство затоа што Заев и Филипче терале бизнис и политика во пандемија.

„Ковачевски мора да се огради од Заев и да се извини, во спротива докажува дека е само негов пиун, и ништо повеќе од тоа“, потенцираат од опозициската партија.

Share
Scroll to Top