Италијанската скијачка Софија Гоџија најави дека е подготвена да се врати на врвот на спусташките трки, откако во првиот спуст од новата сезона во Светскиот куп во Лејк Луис, Канада, ја декласираше конкуренцијата за неверојатна победа.
29-годишната Гоџија имаше совршена трка за да ја победи Американката Бризи Џонсон со неверојатна предност од 1.47 секунди, додека третото место и припадна на Австријката Мирјам Пухнер со 1.54 секунди послабо време.
Гоџија, шампионката во спуст од 2018 и 2021 година, во јануари ја скрши ногата и го пропушти Светското првенство на домашен снег во Кортина Д’Ампецо, каде што беше главна фаворитка.
Норвежанецот Александер Омод Килде стигна до супер-џи триумф во Бивер Крик, Колорадо, САД, исто така враќајќи се од повреда и спречувајќи го Швајцарецот Марко Одермат да стигне до втора победа во два дена. Килде, кој ја освои скратената сезона од Светскиот куп во 2019/20, постави време од 1:10.26, за 0.03 секунди побрзо од Одермат, додека Американецот Тревис Ганонг беше за 0.37 секунди послаб на третото место.
Килде ги скина лигаментите на десното колено минатиот јануари прекратувајќи ја сезоната во момент кога беше втор во генерален пласман.