Apple им соопшти на своите снабдувачи на компоненти за iPhone 13 дека повеќе не може да го нарачува вообичаениот број уреди поради намалената побарувачка.
Компанијата веќе ги намали нарачките на iPhone на 80 милиони во оваа година (од целните 90 милиони), а планираше да го надомести ова во следната година.
Сега се чини дека на производствените партнери на компанијата им е посочена можноста тоа да не се случи, бидејќи може да нема зголемена побарувачка на пазарот.
Како и речиси сите други технолошки компании, Apple се соочува со проблеми предизвикани од глобалниот недостиг на чипови.
Извршниот директор на Apple, Тим Кук истакна дека недостигот влијаел на проценетата заработка на компанијата од шест милијарди долари на квартална основа, а на ова се додава и влијанието на пандемијата со Ковид-19.
Според Bloomberg, iPhone 13 линијата можеби нема да ги исполни првичните очекувања на Apple. Првичниот план беше да се произведат 90 милиони модели на iPhone за 2021. година, поради зголемената побарувачка.
Извор: B92.net