(Видео) Инциденти и апсења на протестите во Австрија – полицијата употреби бибер спреј

пред 3 години

Во центарот на Виена попладнево се одржуваат бројни протести на противниците на ковид-мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици се затворени за сообраќај.

Според полицијата, повеќе од 10.000 демонстранти учествуваат во демонстрациите кои се движат по централната Ринг улица.

Полицијата посочува дека веќе имало неколку апсења поради давање отпор. Атмосферата на протестите е многу тензична и постојано има судири со полицијата.

Попладневниот протест започна со собир на левичарите кои демонстрираа против давање можност на неонацистите да го релативизираат холокаустот и да ги шират нивните идеи преку учество во протести против коронавирус.

А на тој собир имаше туркање со полицијата и фрлање со предмети кон обезбедувањето, кое се обиде да ги пренасочи учесниците за да не стапат во контакт со други поворки.

Полицијата беше принудена да користи бибер спреј.

Исто така, дел од учесниците во демонстрациите фрлаа разни предмети кон полицијата, која воспостави ред со употреба на полициски кучиња и кордони.

Цел на демонстрантите се и новинарите, кои ги навредуваат, гилажговци и често ги напаѓаат.

Поради тоа, неколку екипи на австриски телевизии, покрај сниматели, тонски инженери и новинари, на улиците испратија обезбедување, кое се грижи за екипите при известувањето.

Според соопштението на полицијата, за денеска се најавени вкупно 27 протести со кои целосно е блокиран сообраќајот во градот.

Share
Scroll to Top