Поради кризата во Авганистан голем број од мајките ги молат лекарите да ги убијат нив и нивните деца

Поради кризата во Авганистан голем број од мајките ги молат лекарите да ги убијат нив и нивните деца

пред 3 години

Поради кризата во Авганистан голем број од мајките ги молат лекарите да ги убијат нив и нивните деца, пренесува „Би-би-си“. Дел од лекарите велат дека голем број од луѓето во земјата работат за без пари или имаат многу мали примања, па за да не гладуваат се решаваат на ваков чекор.

„Не знам како можам да останам жива. Како да родам уште едно човечко суштество“, рече една девојка која ја молела докторката да ја убие неа и нејзиното бебе.

Доктор Нури и луѓето кои работеле со неа, вели дека голем дел од мајките се плашат дека нема да имаат доволно млеко за нивните деца. Таа вели дека и поради пренатрупаноста во центрите и болниците, таа морала да гази преку нивните тела.

Нури вели дека од тоа што немало место, некои од девојките биле притиснати за ѕид, а подовите биле извалкани со крв затоа што ни чистачките веќе не сакале да работат и си заминале уште од пред неколку месеци. Таа вели дека понекогаш се случува повеќе жени да спијат на еден кревет.

 

„Ова одделение во светот е едно од најсреќните, но, во Авганистан не е повеќе така“, рече таа додаде дека за само во септември гледала како пет новородени бебиња умреле од глад.

„Тука е како во пеколот. Наскоро ќе немаме ниту доволно вода за пиење. Кога жените ќе ја напуштат болницата со своите бебиња размислувам многу за нив. Тие немаат пари, не можат да си дозволат храна. Дури ни јас немам доволно храна да јадам. Не можам да си дозволам храна и скоро цела заштеда ја потрошив. Не знам зошто уште доаѓам на работа. Секое утро си го поставувам ова прашање. Но, можеби се уште се надевам на подобра иднин“, рекла Нури.

Во земјата завладеала криза која досега не е видена. Се очекува зимава 14 милиони деца да патат од акутно ниво на неухранетост, пренесе „Би-би-си“.

На фотографиите кои се раширија низ медиумите се гледаат децата како гладуваат. Болниците се пред колапс и не можат да обезбедат основни лекови како што е парацетамолот за тешко болните кои пешачат и по 12 часа за да стигнат до болниците.

Во главниот град Кабул зголемен е бројот на смртни случаи откако талибанската власт го намалила финансирањето во здравството. По 4 деца помали од 10 години умираат секоја недела од глад или труење поради лоша хигиена.

„Децата умираат пред да бидат примени“, рече директорот на оваа болница д-р Сидики и додаде дека болницата собира суви гранки за да обезбеди минимално греење.

Во породилиштето редовно се исклучува струјата, па неколку предвреме родени бебиња починале откако инкубаторите им откажале.

„Тажно е да ги гледате како умираат пред вашите очи“, рече Нури.

Д-р Рахмани, директор на болница во провинцијата Херат кои е специјализирана за лечење на пациенти со коронавирусот го сподели писмото со Би-Би-Си од министерството за здравство кое бара од персоналот да продолжи да работи без пари се додека не се обезбедат средства.

Во близина е уште една болница за лекување на зависници од дрога која наскоро ќе биде затворена. Д-р Новруз е загрижен што ќе биде со пациентите.

„За нив нема засолниште. Обично живеат под мостови, урнатини, на гробишта во ситуација која е неподнослова“, рече тој.

извор: Nova.rs/BBC

фото: BBC.co.uk/unicef.com

Share
Scroll to Top