ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ја зголемува сиромаштијата

пред 3 години

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека лошите економски политики на владата предводена од СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев ги донеле, како што велат, граѓаните до се поголема сиромаштија.

„Освен за криминалот и полнењето на своите џебови, Зоран Заев и неговите пиуни не мрднаа со прст за да се спречи оваа енергетска криза, која се одразува на целата економија во државата. Само оваа криминална власт не можеше да го види зголемувањето на цените на основните прехранбени продукти за граѓаните. Откако тие поскапеа за повеќе од 30% владата на СДСМ реши да ги замрзне цените за некои од продуктите“, се посочува во соопштението од оваа партија.

Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, е задоцнета мерка која само ќе го ублажи ценовниот шок, и нема да биде доволна за спречување на инфлацијата, бидејќи се потребни многу повеќе мерки кои треба да се донесат час поскоро, за да се заштити стандардот на граѓаните.

Граѓаните ги очекува и зголемување на цената на електричната енергија за над 20 %, а со тоа и уште поголема инфлација и зголемување на сиромаштијата, потенцираат од партијата на Мицкоски.

Додаваат дека наместо енергетските капацитети во државата да произведуваат електрична енергија, и да бидат подготвени за енергетската криза која и беше нејавувана, Зоран Заев и Васко Ковачевски гледаат само како повеќе да украдат од енергетскиот систем во државата.
Затоа сега како што нагласуваат државата ќе треба да увезува двојно и тројно поскапа електрична енергија, а цената ќе ја платат единствено граѓаните преку повисоки сметки за струја и преку зголемената цена на основните прехрабени продукти и инфлацијата.

„СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев не се способни да се справат со еконоската и енергетската криза. Тие се способни само за местење на тендери за фамилијата Заеви и криминалот и корупцијата кои ја уништија државата“, е истакнато во нивното соопштение.

Share
Scroll to Top