По интервјуто кое го имаше холивудскиот за телевизијата ABC, во кое тој призна дека не е виновен за убиството на снимателката Халина Хачинс, глумецот Алек Болдвин и неговата сопруга Хилариа, ги избришаа своите профили на „Твитер“.
Покрај нивните профили, избришан е профилот на нивната фондација, Hilaria and Alec Baldwin Foundation. Досега двајцата немаат дадено никаква изјава зашто ги избришале.
За потсетување, Болдвин се правдаше дека некој му ставил вистински куршуми во пиштолот со кој ја уби Хачинс, а не му кажал за тоа.
„Некој е одговорен за тоа што се случи. Не можам да кажам кој, но, знам дека тоа не сум јас“, рече глумецот и додаде дека е подготвен да направи се што е потрбено за да убиствата на сетовите повеќе не се случат.
Болдвин на водителот му рече дека би се убил ако почувствува дека е одговорен.
„Постојано го сонувам тој момент. Преживувам низ тоа секој ден, а потоа се срушувам на краојт од денот. Емотивно колабирам“, рече Болдвин.