Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Александар Николoски денес оствари средба со г-ѓа Анке Холштајн, амбасадорка на СР Германија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата се разговарало за актуелната општествено политичко состојба, за економските предизвици и интеграциите на државата во Европската Унија и прашањето со Бугарија.
Претседателот Мицкоски на средбата ја истакнал својата загриженост за економската состојба и енергетската криза чии последици од неадекватното управување на политиките се крши на грбот на граѓаните
Тој подвлекол дека владата нема капацитет да се носи со предизвиците со кои се соочуваат граѓаните и дека недостатокот на кредибилитет за носење одлуки ја наметнува потребата за предвремени парламентарни избори како излез од кризата и ресетирање на општеството.
Во соопштението додаваат дека Мицкоски ја потврдил заложбата државата да добие датум за преговори и покрај фактот што Владата не испорача резултати во борбата со криминалот и корупцијата. Македонија не смее повеќе да биде заглавена во чекалницата на ЕУ и да биде жртва на спорот со Бугарија создаден во време на оваа влада. Тој подвлече дека секое решение на тој спор треба да биде во рамките на усвоената резолуција во македонското собрание која беше поднесена од ВМРО-ДПМНЕ а прифатена од парламентарното мнозинство и која во себе ги соддржи црвените линии на македонската држава.