Француската полиција уапси двајца мажи, исламски екстремисти, бидејќи планирале да убиваат луѓе со ножеви во Париз на Божиќ, објави француската BFMTV.
Уапсени се мажи на возраст од 23 и 29 години, а на 29 ноември биле приведени од секторот за внатрешна безбедност, изјавил судски извор за БФМТВ, потврдувајќи ја информацијата на „Ле Паризиен“.
Против нив е поднесена кривична пријава, од 3 декември се во затвор, а истрагата е во тек.
Уапсените планирале да упаднат во трговски центри, факултети, преполни улици, а еден од уапсените го признал нападот.
Во нивниот дом е пронајдена литература за џихад и пропаганда на таканаречената терористичка исламска држава.
Според „Ле Паризиен“, нивната цел била потоа да бидат убиени од полицијата и да бидат прогласени за маченици.