Утрово биле измерени -5 степени во Берово, -4 во Скопје-Петровец и Лазарополе, -3 степени во Крива Паланка, Штип, Демир Капија, Струмица, Куманово, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Прилеп, Гевгелија, Маврови Анови, -1 во Охрид, Крушево, 0 степени во Виница, Дебар, 1 степен во Претор и Дојран.
Денеска се очекува променливо облачно време, претпладне во источните делови со сончеви периоди. Од попладневните часови во западните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои ќе продолжат и во текот на ноќта и ќе се прошират насекаде. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а од пладне повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, попладне повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.