Германец си го украси станот со 444 новогодишни елки

Германец си го украси станот со 444 новогодишни елки

пред 3 години

Германецот Томас Јеромин (55) го украси својот стан во северногерманскиот град Ринтелн со 444 пластични елки, со што постави нов светски рекорд за најмногу новогодишни елки во еден дом. Тој употребил 47.000 светилки за да ги осветли сите елки во станот од 100 квадратни метри. Најголемата елка, од три и пол метри, виси од плафонот.

„Секоја година, уште во август почнувам да ги симнувам елките од таванот“, вели Јеромин, кој пред пандемијата нудел тури низ неговата божиќна земја на чудата.

Германскиот институт ги посети Јеромин и неговата сопруга Сузан и потврди дека нивната масовна колекција претставува нов светски рекорд.

Share
Scroll to Top