Лондонската полиција денеска соопшти дека убила вооружен маж кој пукал во полицајци.
Полицијата соопшти дека случајот не го смета за терористички чин и дека во попладневните часови е забележан маж со оружје како влегува во банка во западниот дел на Лондон, а потоа заминува со автомобил.
DEVELOPING: ‘Three loud bangs’ heard in Kensington. Possible shooting near Kensington Palace, London. Awaiting further details. pic.twitter.com/sGgFSQjjqT
— Urban Pictures (@Urban_Pictures) December 11, 2021
Маж, чиј идентитет се уште не е утврден, е убиен бидејќи од возилото пукал кон полицајците, пренесуваат британските агенции.
Полицијата ги затворила патиштата околу инцидентот и ги повикала граѓаните да го избегнуваат тој дел од градот.