Пешак од Прилеп бил тешко повреден откако во него удрило патничко возило кое по несреќата побегнало.
Според полицијата вчера во времето од 14.30 часот до 17.30 часот во Прилеп на крстосницата од ул.Петар Ацев и ул.Партизанска извршен е увид поради случена сообраќајна несреќа.
Притоа патничко моторно возило „фолксваген голф“, удирило во пешакот А.Т.(33) од с.Заполжани кој по незгодата бил пренесен во општа болница Прилеп каде му се констатирани тешки телесни повреди а возилото по несреќата го напуштило местото.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициска станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.