Скопјанка нападната од манијак на паркинг во Аеродром

пред 3 години

37-годишна скопјанка во петокот (10 декември) во полиција пријавила дека околу 22.25 часот на паркинг на подрачјето на општина Аеродром едно лице ја допрело по телото, по што таа влегла во својот автомобил со намера да се заштити.

Додека заминувала од местото на инцидентот, забележала дека лицето почнало да се самозадоволува.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.