Потребни состојки:
450 гр брашно
1 кора од лимон
1 прстофат сол
2 ванили
30мл масло
30гр путер растопен
150мл млеко
2 јајца
1 сув квасец
Начин на подготовка:
Во сад разматете 100 мл топло млеко со 7 гр сув квасец и 1 мало лажиче шеќер. Оставете да нарасне. Во друг сад изматете една жолчка со 2 лажички млеко. Во трет сад ставете едно јајце и белката од првото јајце, и изматете ги со 100 гр шеќер и 50мл млеко. Трите сада тргнете ги на страна.
Подгответе го тестото. Во длабок сад просејте го брашното. Изрендајте кора од лимон, па додадете го растопениот путер, масло и две ванили. Ставете прстофат сол, а потоа и разматените јајца и надојдениот квасец. Измесете тесто и прекријте го со најлонска фолија. Оставете да се дуплира. Откако тестото ќе нарасне, се дели на 12 дела. Секое топче се расукува. На едната страна се става мармалад, па се обликува кифла. Кифлите се редат на хартија за печење и се оставаат пак да нараснат. Пред печењето, премачкајте со жолчката со млеко. По желба, попрскајте ги кифлите со мешавина од шеќер и цимет. Печете на 180 степени, додека не заруменат.