Легендарниот пејач од Хрватска Мишо Ковач е позитивен на коронавирус, објавија локалните медиуми.
Позитивни на вирусот се и неговата сопруга Лидија и ќерката Ивана.
Пред неколку недели Ковач бил хоспитализиран во болница во Сплит поради воспаление на белите дробови и висока температура. По завршниот третман, тој бил пуштен дома.
Здравствената состојба на Ковач нагло се влошила. Пред неколку дена бил пренесен во болница, каде добил кислородна поддршка. „Слободна Далмација“ од извори блиски до пејачот дознава дека Ковач во втоникот бил пуштен на домашна нега.
Моментално е со сопругата и ќерката во изнајмена куќа во Строжанац, недалеку од Сплит.