Поранешниот полицаец призна визна за ускратување на граѓанските права на Џорџ Флојд

пред 3 години

Поранешниот полицаец од Минеаполис, Дерек Човин, денеска пред сојузниот суд во Минесота призна дека ги прекршил граѓанските права на Афроамериканецот, Џорџ Флојд, при апсењето што заврши со негова смрт, со тоа менувајќи ја неговата изјава од септември кога рече дека не се чувствува виновен по таа точка од обвинението.

На 45-годишниот Човин му се заканува максимална казна доживотен затвор, иако обвинителите би можеле да побараат и полесна казна бидејќи тој ја призна вината.

Човин од државниот суд е веќе осуден на 22 и пол години затвор за убиството на Флојд во 2020 година.

Човин и уште тројца полицајци, Томас Лејн, Џ. Александар Куенг и Ту Тао, го уапсија Флојд под сомнение дека користел фалсификувана банкнота од 20 долари.

Лејн, Куенг и Тао се обвинети пред државниот суд за помагање во убиството и нивното судење треба да започне во март.

Освен на државно ниво, сите четворица се обвинети и на сојузно ниво под сомнежи дека на Флојд му ги ускратиле неговите граѓански права бидејќи не му пружиле медицинска помош.

Човин на федерално ниво е обвинет и за кршење на правото на Флојд да не биде неоправдано приведен со употреба на прекумерна сила. Тао и Куенг се обвинети на федерално ниво дека го прекршиле правото на Флојд да не биде неоправдано приведен со тоа што не интервенирале и не го оттргнале Човин додека клечел врз вратот на жртвата.

Share
Scroll to Top