Моника, постарата ќерка на Светлана и Мики Црнокрак, наполни 23 години. Таа роденденот го славеше два пати. Еднаш прослави со родителите и помалата сестра Нина, со домашна торта. Втор пат Моника славеше со пријателите, кои ја изненадија со чоколадни колачи, на кои ставија роденденски свеќи. Сликите од прославите, Моника ги објави на Инстаграм, а откри и дека добила букет од црвени рози.
Моника, која неодамна дипломираше на Економскиот факултет, веќе некое време се занимава со манекенство. Таа пред три години ја претставуваше Македонија на светски избор на убавина и ја освои титулата за најфотогенична девојка.