Рекорден број на новозаразени во Британија: „Се бориме со две засебни пандемии“

пред 3 години

Велика Британија соопшти за рекорден број на дневни случаи на корона од почетокот на пандемијата, односно регистрирани дури 78.610 заразени денеска.

Досега рекордот беше од 8 јануари со 68.053 случаи на дневно ниво, јави Би-би-си.

Британија неодамна воведе задолжителни маски за повеќето затворени простори и ковид-сертификати за големи настани во Англија за да се намали ширењето на омикрон варијантата.

Британскиот премиер Борис Џонсон одржа вонредна прес-конференција. Заедно со Џонсон беа и шефот на англиското јавно здравство, Крис Вити и Ники Канани, директорка на примарна грижа при Националната здравствена служба.

Џонсон пред прес-конференцијата изјави дека не исклучува воведување нови мерки.

Започна со повик за засилена вакцинација со бустер доза бидејќи, како што кажа, омикрон продолжува да се шири низ целата земја.

„Секој возрасен во Англија од денес може да се вакцинира со бустер доза. Апсолутно е важно луѓето сега да се вакцинираат со бустер доза бидејќи Британија бележи рекорден број на нови случаи“, рече тој.

Вити преку презентации и графикони ја покажа тековната состојба со пандемијата. Рече дека Британија има многу голем пораст на случаи и дека во наредните недели ќе има нови рекорди во бројките на новозаразени.

Кажа дека инфекциите со делта и омикрон предизвикуваат две засебни епидемии, посочувајќи дека бројот на смртни случаи благо се намалува, но дека тоа не се однесува на омикрон варијантата која штотуку пристигна во Британија.

„Вакцините обезбедуваат огромна заштита од делта варијантата, но тие се помалку усогласени со омикрон“, рече Вити, додавајќи дека на нивно усогласување се работи со брзо темпо.

Share
Scroll to Top