(Видео) Тинејџери успеаа да избегаат од пожар спуштајќи се низ олук од четвртио кат на зградата

пред 5 години

Голем пожар избувна во станбена зграда на Менхетен во Њујорк.

13-годишно момче и 18-годишна девојка успеале да се спасат од пожарот спуштајќи се низ олукот од зградата.

Според пожарникарите во Њујорк, пожарот зафатил стан на четврти кат од станбена зграда на Менхетен, а пожарот го изгаснале 180 пожарникари.

Двајца тинејџери, кои останале заробени во една соба од станот, решиле да излезат низ прозорецот и да се спуштат низ олукот. Противпожарната служба соопшти дека успешно слетале 13-годишно момче и 18-годишна девојка.

И покрај напорите на пожарникарите, во пожарот загина едно лице, а седум лица се повредени.

Share
Scroll to Top