Новогодишни мафини во вид на елка

Новогодишни мафини во вид на елка

пред 3 години

Потребни состојки:

2 јајца
150 гр шеќер
250 мл јогурт
100 гр путер
300 гр брашно
прашак за печиво
1 лажичка сода бикарбона
200 гр млечна чоколада (150 гр за смесата за мафини, 50 гр за украсување)

За украсување:

250 мл слатка павлака или 2-3 лажици шлаг-пена
зелена прехранбена боја
корнети, машнички, украсни бонбони

Начин на подготовка:

Две цели јајца добро изматете ги со шеќер. Потоа додадете стопен путер, а потоа и јогурт. Додајте какао-прав, па брашно. Кога сето тоа добро ќе се соедини, додајте и сода бикарбона и прашок за печиво. Добро измешајте, искршете ја чоколадата, па додадете ја во смесата. Смесата ставете ја во калап за печење мафини, кои сте ги обложиле со хартија, и тоа до половина на корпичките. Преку нив додадете уште малку чоколадо. Печете во загреана рерна 25 минути на 180 степени. Оставете ги мафините да се изладат.

Изматете ја слатката павлака во друг сад. Малку одвојте во кеса за фил. Остатокот од павлаката обојте го со зелена прехранбена боја и сипајте во друга кеса. Мафините ставете ги во украсен калап и украсувајте со шлаг. На шлагот ставете корнети. Извадете ги корнетите и украсете со зелен фил од павлака, па додајте машнички, бонбони или други украси по ваш избор.

Share
Scroll to Top