Полицијата го пронајде украдениот автомобил на „Државни патишта“

пред 3 години

Полицијата синоќа го пронајде автомобилот во сопственост на Јавното претпријатие „Државни патишта“ – Скопје, кое пред три дена беше украдено на улицата Ѓорче Петров.

Од МВР информираат дека возилото го нашле полициски службеници на патот од селото Шишево кон Грчец.

Станува збор за возило од марката „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки.

Во моментот на кражбата, автомобилот бил оставен со клуч на вратата.

Share
Scroll to Top